Достапни линкови

logo-print

Индија повика Пакистан да се справи со тероризамот


Индискиот премиер Манмохан Синг изјави дека Пакистан мора да се бори против милитантите, ако сака да направи некаков напредок во мировните разговори со Индија. Синг изјавата ја даде на обраќањето по повод Денот на независноста на Индија, кога земјата се ослободи од британското владеење. Синг рече дека Индија очекува дека пакистанските власти нема да забранат пакистанската територија да се користи за планирање терористички дела против Инрија . Индија го напушти дијалогот со Пакистан по нападите на Мумбаи кон крајот на 2008, при што загинаа 166 луѓе, а за кој напад Индија ја обвини пакистанскта група Лашкер е Таиба.

XS
SM
MD
LG