Достапни линкови

Јапонија:65 години од крајот на Втората светска војна


Денеска се одбележува 65 годишнината од предавање на Јапонија во Втората светска војна, акт со кој се стави крај на војната. Петнаесети август се слави како ден кога Јапонија ја најави својата намера да се предаде. Соопштението дојде на само неколку денови откако САД фрлија атомски бомби во јапонските градови Хирошима и Нагасаки , а советските сили започнаа изненадувачки напади на јапонската армија која ја беше окупирала источна Азија, вклучувајќи ги Манџурија и Кореја. Јапонија иако на 15 август ја објави својата намера да се предаде, официјално тоа се случи на 2 септември.
XS
SM
MD
LG