Достапни линкови

logo-print

Петар Стојчев по 9-ти пат победник на Охридски маратон


Бугарскиот маратонец Петар Стојчев прв исплива до целта на 24-от Охридски пливачки маратон и стана деветкратен победник на оваа спортска манифестација. Оваа година на маратонот имаше 22 учесници - 13 во машка и девет во женска конкуренција. Триесеткилометарската патека по Охридското Езеро, од комплексот „Свети Наум“ до охридското пристаниште, Стојчев ја измина за пет часа, 37 минути и 39 стотинки. . Од петтемина македонски натпреварувачи, најдобро се пласираше Евгениј Поп Ацев, кој го освои шестото место. Во женска конкуренција победи Хрватката Карла Ситиќ, која дебитираше на маратонот во Охрид. На трката немаше претставничка од Македонија.
XS
SM
MD
LG