Достапни линкови

Арапските Емирати бараат објаснување од Германија


Обединетите Арапски Емирати соопштуваат денеска дека побарале од Германија да објасни зошто со кауција го ослободиле Израелецот за кој постоеше сомневање дека е поврзан со убиството на член на Хамас во Дубаи. Осомничениот Ури Бродски вчера беше ослободен со кауција од затвор во Германија. Тој може да ја напушти Германија и да не присуствува на судењето, бидејќи освен кауција платил и парична казна . Бродски се сомничи дека учествувал во организирање на убиството на Махмуд ал-Мабхуд еден од основачите на вооруженото крило на Хамас. Ал Мабхуд е најден мртов оваа година во еден хотел во Дубаи.
XS
SM
MD
LG