Достапни линкови

Дожд и пожари во Москва


Во Москва врнат првите обилни дождови по подолго време, но неколку десетици пожари се уште горат во близина на руската престолнина. Во Москва сега нема облак од чад и смог во кој се гушеа жителите изминатите недели, сепак метеоролозите предвидуваат дека облакот може да се врати ако ветерот во следните денови до промени правецот . Од министерството за вонредни ситуаации соопштуваат дека е намален бројот на пожари, но дека 500 и натаму горат низ целата земја. Во околината на Москва горат 29 пожари во чие гаснење учествуваат 14 илјади пожарникари.
XS
SM
MD
LG