Достапни линкови

Законот за куќен совет да се стави во мирување, бараат од КСО


Законот за куќен совет да се повлече, да се стави во мирување од една година и да се направат измени побараа денеска од Конфедерацијата на синдикални организации . Од КСО велат дека законот е добара но за некоја европска земја во која има висок стандард , а не во земја како Македонија во која на граѓаните не им требаат уште дополнителни трошоци во услови на загрозена економска ситуација. На последниот ден од рокот за регистрација на заедниците на сопственици во Централниот регистар пристигнале само околу 130 пријави, до сега се регистрирани нешто повеќе од 500 заедници на сопственици, а одзивот на станарите е околу пет до седум отсто. Во државава има околу 10 илјади станбени згради.
XS
SM
MD
LG