Достапни линкови

Во Киргистан убиен поранешен гувернер


Во Бишкек ноќеска бил убиен поранешниот гувернер на областа Нарин, соопштуваат од киргистанското министерство за внатрешни работи . Поранешниот гувернер Тимчтубек Чекиев , бил нападнат во неговата куќа . Тој починал на самото место а, неговата сопруга која исто така била нападната била пренесена во болница. Полицијата не соопштува дали им е познат напаѓачот и дали се утврдени мотивите за убиството.
XS
SM
MD
LG