Достапни линкови

logo-print

Русија доби помош од САД за справување со пожарите


Помош во вода, медицински пакети, алатки и огноотпорна облека со три американски авиони била доставена денеска во Москва. Помошта е наменета за санирање на последиците од пожарите и справување со огнената стихија која ја зафати целата земја. На аеродромот Внуково утрово слетале два авиони од типот Ц-130 и еден авион од Калифорнија испратен по налог на тамошнит гувернер Арнолд Швајценегер. Руските власти изјавија дека помошта им е повеќе од потреба и оценија дека на помошта од САД , Русите секогаш ќе се сеќават. Помошта доаѓа во време кога Русија се бори со пожарот кој беснее во близина на нуклеарниот центар Саров. Властите се надеваат дека до крајот на неделата ќе ги изгаснат пожарите. Дождот кој во последните неколку денови врне им помага на пожарникарите да стават крај на пожарите. Во споредба со пред една недела сега горат за една четвртина помалку пожари.
XS
SM
MD
LG