Достапни линкови

Еден милион нови станови ќе се градат во Ирак


Багдад ја прифатил понудата од 35 компании за изградба на еден милион нови станбени единици низ целата земја, соопштуваат ирачките служби за инвестиции. Иако деталите целосно не се усогласени, изградбата треба да започне во следните неколку месеци. На проектот ќе учестуваат 117 компании а ќе има и такви кои доаѓаат од Азија, Северна Америка и Европа. Зградите ќе се градат во јужниот град Басра, во Багдад и во Мосул на север. Плановите , исто така, вклучуват изградба на згради и во автономната курдска област.
XS
SM
MD
LG