Достапни линкови

Инцко:не постои закана за распад на БиХ


Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко смета дека не постои опасност од распад или централизација на БиХ. Инцко изјави дека конститутивните народи не претставуваат закана едни за други, како и дека граѓаните мошне добро знаат дека најголема „закана“ се органите на власт кои не ги спровеле реформите и кои работат само во свој интерес. Тој смета дека реформите кои се спроведени во БиХ мора натаму да се надградуваат, наместо постојано да се оспоруваат.

XS
SM
MD
LG