Достапни линкови

logo-print

Ново лизгање на земјиште во Кина


Најмалку 32 луѓе се водат за исчезнати при ново лизгање на земјиште во југозападна Кина. Лизгањето на земјиштето е во близина на областа Венчуан каде во 2008-та при земјотрес загинаа 87 илјади луѓе. Над 500 луѓе биле евакуирани по лизнањето на земјиштето. Властите предупредија дека дождовите ќе продолжат и оваа недела и дека се можни нови поплави и лизгања на земјиштето. Најголеми опасности им се закануваат на областите Сечуан и Гансу
XS
SM
MD
LG