Достапни линкови

Младински Олимписки игри во Сингапур


Во Сингапур денеска започнаа првите младински Олимписки игри. На спортискиот настан кој ќе трае 13 дена ќе учестуваат 3.600 спортисти на возраст меѓу 14 и 18 години од повеќе од 200 земји. Тие ќе се натпреваруваат во 26 спортски дисциплини. Младинските олимписки игри треба да бидат отскочна штица за спортистите кои сакаат некој ден да се натпреваруваат на Олимписките игри. Но настанот е насочен и кон развивање на свеста на малдите, и повикувањето да спортуваат вистински спортови, наместо да седат пред комјутер, наведуваат организаротите.

XS
SM
MD
LG