Достапни линкови

Бродарите од Охрид го откажаа протестот


Охридските бродари го откажаа за денеска најавениот протест. Членството на Здружението на бродари и посади на брод го поместија бродот што во рамките на протестот утрово беше поставен на самиот влез во Студенчишкиот канал на истекот на Билјанини извори.Според информациите од Здружението, одлуката за прекинување на протестот била донесена за да не попречи одржувањето на Охридскиот пливачки маратон.. Бродовите од охридската патничка флота од 17 јули се закотвени кај Градското пристаниште, поради забраната за пловидба што им ја изрече Капетанијата, бидејќи не е извршен технички преглед на пловилата.
XS
SM
MD
LG