Достапни линкови

Обама ја подржува изградбата на муслиманскиот центар


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ја подржува изградбата на џамија и муслимански културен центар во близина на местото на Светскиот трговски центар кој беше срушен на 11 септември. На проектот се спротиставија многу њујоркчани и Американци кои велат дека со изградбата на муслимански центар се навредуваат жртвите кои загинаа при нападот на кулите близначки. Нападите беa извршени од страна на муслиманската милитантна група Ал-Каеда. Обама изјави дека муслиманите имаат исти права да ја практикуваат својата религија како и сите останати во Америка. Обама изјави дека ова право ја вклучува и можноста да се изгради место за богослужба и културен центар, во согласност со американските закони за изградба на вакви објекти.

XS
SM
MD
LG