Достапни линкови

Матурантите полагаат државна матура


Денеска се полага државна матура во августовскиот рок. За овој испитен рок се пријавиле 2.255 кандидати од 87 средни училишта во Македонија. Денеска се полага првиот екстерен предмет - мајчин јазик а вo понеделник кандидатите ќе бидат тестирани по вториот екстерен предмет - математика, странски јазик , филозофија и естетика.За училишна матура и завршен испит се пријавиле малку над 10 проценти од вкупниот број ученици, односно околу 2.300 од 20.964 ученици кои оваа година завршија средно училиште.

XS
SM
MD
LG