Достапни линкови

Иран го потврди отворањето на Бушер


Шефот на иранската Организација за атомска енергија Али Акбар Салехи ги потврди наводите од Русија за отворање на нуклеарната централа во Бушер на 21 овој месец. ,,Тогаш во реакторот ќе биде префрлено нуклеарното гориво,, изјави тој, прецизирајќи дека операцијата ќе трае неколку денови и оти централата ќе почне да произведува електрична енергија кон средината на септември. Претходно портпаролот на руската атомска агенција Сергеј Новиков најави дека нуклеарката во Бушер ќе биде отворена во текот на идната недела. Иран е под санкции на Обединетите нации, бидејќи меѓународната заедница страхува дека Техеран сака да дојде до нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG