Достапни линкови

logo-print

ЕУ: Русија да се приддржува до примирјето


Шефот на дипломатијата на Европската унија Кетрин Ештон ја повика Русија да ги почитува своите обврски од прекинот на огнот откако денеска Москва објави дека во грузискиот регион Абхазија распоредила противвоздушни проектили. Ештон изјави дека Унијата е загрижена од одлуката на Русија да распореди проектили во Абхазија и во Јужна Осетија без согласност на владата во Грузија. Таа додаде дека тоа е во спротивност со договорот за прекин на огнот склучен во 2008 година и ќе придонесе за дополнително зголемување на тензиите во регионот. Руските сили на кратко ја нападна Грузија по обидот на Тбилиси за враќање на Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG