Достапни линкови

Македонија нема пари за спроведување на Рамковниот договор


Целосната имплементација на Рамковниот договор секаде се поставува како услов за евро-атланските интеграции на Македонија, изјави на денешната трибина во Скопје претседателот Ѓорѓе Иванов. Но, според него, целосното спроведување на договорот чини многу пари, односно, потребни се 8 илјади долари по глава на жител, а Македонија во моментот има само половина од потребниот Бруто Домашен Производ. Иванов нагласи дека Рамковниот договор е македонски модел на мулти-етничко општество, заснован на интеграција без асимилација.

XS
SM
MD
LG