Достапни линкови

НБРМ ја намали каматната стапка на 4,5%


Каматната стапка се намалува за 0,5 процентни поени, од 5 на 4,5 отсто, соопшти денеска гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Петар Гошев.
Намалувањето, како што рече Гошев, е во насока на поддршка на банкарскиот сектор и за подобрување на македонската економија воопшто. НБРМ ќе продолжи да ги следи движењата во домашната и светската економија врз основа на што ќе продолжат натамошните интервенции на банката. Гувернерот Гошев оцени дека најголемите ризици за македонската економија моментно се случувањата во светската економија и надворешната побарувачка.
XS
SM
MD
LG