Достапни линкови

logo-print

МОН бара итна корекција на содржината во учебникот „Општество“


Министерот за образование и наука Никола Тодоров на синоќешната средба со четирите авторки на учебникот „Општество,, за петто одделение побара веднаш да ја коригираат спорната содржина. Во околу 20.000 примероци од учебниците до 1 септември треба да биде отпечатена нова страница која ќе ја замени таа на која се посочени личности заслужни за културата во Македонија, потврди ресорното министерство. Печатењето на околу 20.000 страници ќе повлече дополнителни трошоци.
XS
SM
MD
LG