Достапни линкови

Чешкиот претседател со помала плата


Најмногу погоден од најавеното стегање на ременот и намалувањето на буџетските расходи во Чешка ќе биде шефот на државата Вацлав Клаус. Медиумите јавуваат дека неговата плата од јануари догодина ќе биде намалена за над 2.570 евра. Со мерките за штедење што ги предложи новата влада на премиерот Петар Нечас, меѓу другото, се предвидува намалување на платите на државните чиновници за 10 насто, а на претседателот за 16 ипол проценти.
XS
SM
MD
LG