Достапни линкови

Отфрлена идејата за моделот на Јужен Тирол на Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли можноста на Косово да се примени моделот на Јужен Тирол во Италија. Според него, сите прашања на Косово треба да се решат врз основа на планот на поранешниот фински претседател Ахтисари. Вчера, весникот Коха Диторе, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека Приштина и Белград се согласиле со примената на моделот на Јужен Тирол. На таков начин на северниот дел на Косово ќе му се дадат поголеми финансиски овластувања при наплатата на даноците, со што ќе има и поголеми овластувања.
XS
SM
MD
LG