Достапни линкови

Пентагон против објавувањето документи на Викиликс


Пентагон синоќа предупреди дека објавувањето дополнителни доверливи податоци на веб страницата Викиликс повеќе ќе и наштети на американската безбедност, како и на операциите во Авганистан од веќе претходно објавените 76 илјади документи за авганистанската војна. Портпаролот на Пентагон Џеф Морел изјави дека војската утврдила уште кои 15 илјади документи ги има Викиликс. Организацијата Репортери без граници вчера го оценија за крајно неодговорно објавувањето на доверливи информации за војната во Авганистан.
XS
SM
MD
LG