Достапни линкови

„ХП“ прозван за подмитување


Компанијата „Хјулит Пакард“, популарно позната како „ХП“, соопшти дека соработува со американските и германските власти во истрагата за случајот за подмитување. Сегашни и поранешни вработени во „ХП“ беа прозвани за мито при апликацијата на тендер за набавка на компјутери за руското јавно обвинителство. Постојат сомнениа дека неколку директори од американската компјутерска компанија, во соработка со уште шестмина лица кои не работат во „ХП“, понудиле поткуп во износ од десетина милиони американски долари за да го добијат тендерот во Русија.

XS
SM
MD
LG