Достапни линкови

На прославата на Шакири, малку посетители


На прославата на 12 август денот на кој според некои историчари, Албанците го ослободиле Скопје, имаше мал број на посетители. Организаторот на прославата Националнат а демократска унија на Хисни Шакири ќе испитува дали непосетеноста се должи на рамазанските пости. Шакири изјави дека за прв пат овој датум се одбележува како значаен и дека луѓето немаат многу сознанија за него. Македонските и албанските историчари излегоа со различни тези предлогот 12 август да се одбележува како ден на ослободувањето на Скопје Според историчарите Албанци, албанските востаници го ослободиле Скопје од отоманско ропство, додека историчарите Македонци сметаат дека востаниците влегле во Скопје по повлекувањето на тогаш веќе ослабнатата отоманска империја.
XS
SM
MD
LG