Достапни линкови

logo-print

Поранешниот киргистански премиер пуштен од притвор


Поранешниот премиер на Киргистан Игор Чудинов денеска е ослободен од притвор по гаранциите дека нема да се обиде да ја напушти земјата. Чудинов беше премиер од 2007-та до 2009-та за време на владеењето на соборениот претседател Курманбек Бакиев . Чудинов доброволно се предаде во полиција на почетокот на неделава кога откри дека има налог за негово апсење. Иако обвиненијата против него не се познати, медиумите јавуваат дека обвиненијата против него се поврзуваат со времето кога беше шеф на фондот за развој на Киргистан. Сега Чудинов е во домашен притвор.
XS
SM
MD
LG