Достапни линкови

Во Франција срушени 40 ромски кампови


Над 40 ромски кампови кои се дом на 700 луѓе биле уништени, соопштуваат француските власти .Од Францускотo министерство за внатрешни работи соопштуваат дека Ромите ќе бидат вратени од каде потекнуваат со специјални летови што ќе ги организира владата. Ромите ќе се враќаат во Романија и во Бугарија. Француските власти денеска пред Комитетот на ОН за искоренување на расната дискриминација со седиште во Женева, го отфрлија обвинението дека ги дискриминираат Ромите. Француските преставници тврделе дека државната политика е во склад со европските закони
XS
SM
MD
LG