Достапни линкови

Три тона канабис запленети во Бугарија


Полиција во Бугарија во две одвоени акции во близина на Велико Трново пронајде околу три тони канабис, соопшти бугарското МВР. Полицијата синоќа на една нива пронашла околу 580 килограми сиров канабис, а пронашле и околу 700 стебла зелено растение, кое на наркотестот реагирало на канабис. Во друга пак акција биле запленети 67 стебла, што на тестот исто така реагирале на канабис. Сите запленети стебла се тешки вкупно околу три тони.
XS
SM
MD
LG