Достапни линкови

logo-print

Романија:стратегија за намалување на последици од поплави


Романската влада усвоила Национална стратегија за намалување на последици од поплави. Стратегијата се однесува до 2035 година, а се предвидени 17 милијарди евра. Одлуката е донесена по зачестените големи поплави забележани во последните години. Владата на Емил Бок побара и помош од Фондот за солидарност на ЕУ , во кој за Романија за оваа година се предвидени 787 милиони евра. Но може тој фонд и да се намали бидејќи и други земји членки на ЕУ оваа година беа погодени од поплави. Од поплавите во Романија годинава биле погодени 900 илјади луѓе, 88 илјади куќи биле уништени а илјадници хектари обработливо земјиште е под закана да биде поплавено. Во поплавите загина 23 луѓе.
XS
SM
MD
LG