Достапни линкови

Меѓународните преставници за годишнината од Охридскиот договор


Охридскиот рамковен договор и релевантните уставни одредби остануваат неопходни во градењето мирно, правично и сплотено мултиетничко општество. Очекуваме сите учесници да преземат целосна обврска за континуитет во примената на договорот. Тоа е пораката од Делегацијата на Европската унија, Штабот на НАТО во Скопје, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на САД од денешната заедничка изјава по повод одбележувањето на деветгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Во изјавата се поздравува напредокот што земјата го постигна во подобрувањето на меѓуетничките односи по потпишувањето на договорот.
XS
SM
MD
LG