Достапни линкови

Полска:спомен плоча за жртвите од авионската несреќа


На претседателската палата во Варшава денеска е поставена спомен плоча со имињата на жртвите на авионската несреќа во која загина и претседателот Лех Качински. Плочата е поставена во рекордно време, а само неколку часа откако градскиот совет издаде одобрение за поставувањето. Симпатизерите на Качински со недели не дозволуваат да се тргне дрвениот крст пред палатата се додека не се направи достоен споменик за загинатиот претседател. Спомен плочата треба постепено да ги смири емоциите на приврзаниците изјавил премиерот на Полска Доналс Туск.
XS
SM
MD
LG