Достапни линкови

logo-print

Кина ги осуди воените вежби на САД и Јужна Кореја


Војската во Кина денеска ги осуди најавите за втора рунда на воени вежби на Соединетите држави и на Јужна Кореја кои би трбало да се одржат наредната недела во Жолтото море. Кина порача дека и таа ќе реагира на сличен начин. Пекинг се противи на тоа странски воени бродови или авиони да бидат во близина на кинескиот брег, бидејќи на тој начин може да влијаат врз безбедносните интереси на државата. Кина неколку пати ги критикуваше воените вежби на САД и Јужна Кореја велејќи дека на тој начин може да се подгреат тензиите кои владеат на полуостровот.
XS
SM
MD
LG