Достапни линкови

Русија:25 проценти од пченицата уништени од сушата


Речиси 25 проценти од руската пченица се уништени во сушите, изјави рускиот претседател Дмитри Медведев. Медведев денеска имаше средба со група фармери и земјоделци на кои им рече дека државата мора да се бори за да се надминат проблемите од сушите и да се стабилизира пазарот. Медведев изјави и дека вонредната состојба која беше прогласена по пожарите , се укинува во три региони. Русија претходно соопшти дека ќе запре со извозот на пченица од 15 август до 31 декември, но Медведев изјави дека забраната може да се острани и порано. Русија е трета земја во светот на големи извозници на пценица.
XS
SM
MD
LG