Достапни линкови

Ердоган ќе се повлече ако изгубат на изборите


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на партијата на правдата и развојот ако на изборите закажани за следната година изгуби. Тој изјави дека ако партијата изгуби на изборите тоа ќе биде негова вина. На следните избори тој за последен пат ќе се кандидира за пратеник, бидејќи решенијата на партијата ја ограничуваат до три мандати работата на пратениците. Партијата на правдата и развојот победи на изборите во 2002-та. Но анкетите покажуваат дека сега ја губи подршката на граѓаните.
XS
SM
MD
LG