Достапни линкови

Превработеност во јавниот сектор на Романија - 74 000 вишок


Романската Влада презема остри мерки на штедење поради што многу вработени во јавниот сектор ќе останат без работа.
Владата на премиерот Емил Бок усвои закон според кој во јавниот сектор постои вишок вработени од речиси 74.000 работници и службеници.
Ова е многу болен процес, но е неопходен за да се елиминира дефицитот во државниот буџет, изјави премиерот Емил Бок.
Во почетокот на јули се намалени платите на вработените во јавниот сектор за 25 отсто и ДДВ е зголемено за пет проценти за да се пополни државната каса која е во минус за 6,8 БДП, што беше предуслов за добивање нова транша кредити од ММФ и европски финансиски институции.
XS
SM
MD
LG