Достапни линкови

logo-print

Законот за јазиците не се имплементира


Иако во Парламентот пред две години беше донесен законот за употреба на јазиците, тој сеуште не се имплементира

Иако во Парламентот пред две години беше донесен законот за употреба на јазиците, тој сеуште не се имплементира

Иако донесен пред две години, законот за употреба на јазиците се уште не се имплементира.

Законот за употреба на јазиците, иако беше усвоен пред две години, се уште не се имплементира, велат дел од експертите. Тоа е и едно од клучните прашања во Рамковниот договор според кој во секоја општина каде што има над 20 проценти од другите етнички заедници, тие имаат право да комуницираат со министерствата и локалната самоуправа на сопствен јазик. Законот е донесен во брза процедура без да се анализира духот и определбите на Рамковниот договор, а тоа наликува на своевидна политичка одлука за која коалициските
Сега имаме закон кој несоодветсвува со реалноста, но за жал и како таков, како хендикеп од закон, тој многу слабо се применува и сето тоа значи негативна
оценка.
партнери требаше најпрвин да се консултираат со експерти, па потоа да влезе во собраниска процедура, вели аналитичарот Мерсел Биљали.

„Сега имаме закон кој несоодветсвува со реалноста, но за жал и како таков, како хендикеп од закон, тој многу слабо се применува и сето тоа значи негативна оценка.“

За лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани доказ дека законот не се спроведува е тоа што тој не се почитува ни во парламентот, каде што е донесен. Пред зградата нема белег дека Парламентот е двојзичен, а на седниците нема материјали на албански јазик, вели тој.
Ова непочитување на овој дел од Охридскиот договор ја отвора политичката тема која е многу чувствителна: дали сите заедници во Македонија сакаат да го почитуваат
договорот.



Прослава на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово, во 2009 година


„Ова непочитување на овој дел од Охридскиот договор ја отвора политичката тема која е многу чувствителна: Дали сите заедници во Македонија сакаат да го почитуваат договорот, или едната страна инсистира на почитување, а другата страна инсистира на рестриктивно почитување дури и тивка опструкција на одредбите што се однесуваат на делот на употреба на јазиците.“

Иако конфликтот од 2001 година е далеку зад нас, останува атмосферата дека оние што беа политички противници, а сега се коалициски партнери даваат скриен отпор за спроведување на решенијата, вели професорката Мирјана Малевска.

„До вчера биле непријатели, а вие очекувате денеска со добра волја и дури и со една визија да спроведуваат таков и слични закони?! Не, повеќе истражувања покажале дека тоа не е така.“

И заменик-премиерот за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми се сложува дека законот не се применува кај сите институции и има видно успорување на неговата имплементација.

„Факт е дека овој закон е ново искуство за институциите. Има недостаток на човечки ресурси и финансии. Но ова во никој случај не смее да биде причина да не се применува законот.“

И меѓународната заедница апелираше до владата да ги фокусира напорите во ефективно спроведување на законот и побара да ги земе за пример другите земји каде што тој целсно е применет.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG