Достапни линкови

logo-print

САД - крај на борбените операции во Ирак овој месец


Претседателот Барак Обама смета дека Соединетите Држави можат ,според планираното, до крајот на месецов да ги завршат борбени операции во Ирак, и да се повлечат од земјата до крајот на 2011, изјави портпаролот на Белата Куќа, Роберт Гибс.
Обама на оваа тема се состана со секретарите за дипломатија и одбрана, Хилари Клинтон и Роберт Гејтс, како и со советникот за национална безбедност, Џејмс Џонсон и американскиот командант во Ирак, генералот Реј Одијерно. Одијерно оценил дека состојбата во Ирак во последните неколку години е значително подобрена.
XS
SM
MD
LG