Достапни линкови

Пакистан - можен втор бран поплави во следните 10 дена


Пакистанските метереолози предупредија дека е можен втор бран поплави во следниве десет дена кој би ја зафатил провинцијата Пунџаб. Во првиот бран, загинаа 1600 лица, а директно се погодени 14 милиони луѓе.
Обединетите Нации, во меѓувреме упатија апел за 460 милиони долари помош за поплавените во Пакистан. Шефот на хуманитариот тим Џон Холмс изјави дека меѓу 6 и 7 милиони луѓе имаат потреба од засолништа, храна, чиста вода и лекови. ОН ветија 150 милиони и потребни се уште 300 како итна помош за Пакистан.
XS
SM
MD
LG