Достапни линкови

logo-print

САД ќе му продаваат 200 ракети на Кувајт


САД планираат да му продадат на Кувајт повеќе од 200 ракети од типот „патриот“ вредни околу 900 милиони долари, како дел од долгорочните напори да изградат системи за антиракетна одбрана во Персискиот залив, објави Агенцијата за одбранбено-безбедносна соработка. Целта на оваа иницијатива е да се обезбеди одбрана за сојузниците на САД во Заливот во случај на можен ирански ракетен напад, како и да се испрати сигнал до Техеран дека ниедна негова агресија нема да остане без одговор.

XS
SM
MD
LG