Достапни линкови

Пазарџиите се жалат – цените се ниски, работата кога оди, кога не. Купувачите, пак, велат – цените се високи.

Средната класа во Куманово одамна ја нема. Фабриките не работат. Ова е град на стечајци и технолошки вишок. Останаа само пензионери, а младите заминаа на печалба. Нема кој да купува, велат продавачите на земјоделски и градинарски прозиводи на реонскиот пазар во Куманово.

Како оди работа?

„Работата оди шарам-барам. Полека. Тешко. Нема народ, народот нема пари. Оди, па не оди. Зависи кој каков квалитет има. Битен е
Работата оди шарам-барам. Полека. Тешко. Нема народ, народот нема пари.
квалитетот. Продажните цени паѓаат, а скапо се набавува. За две тезги закупнина плаќам по 5 илјади и 200 денари месечно. Многу е, а има и други давачки и разноски, само со тоа не можам да се справам, ќеси. Мала заработувачка. Јас сум пензионер, со жена ми можеме да крпиме, ама децата не ми работат.“

Тезгаџиите велат дека само од една тезга не може да се обезбеди егзистенција.

„Нема шанса. Мака е, ама да не си дома, да не седиш и да не мислиш во затворен простор, инаку отиде од раце.“

Зеленчук

Зошто е така?

„Нема луѓе, оти немаат пари. Не е ништо друго. Тие што имаат пари купуваат по маркети. Таму е поубаво, пакувано и поквалитетно. Прва класа. Средната класа луѓе веќе нема.“

„Никако не оди работата. Катастрофа. Нема, се е усилено, никој не работи. Се е во стечај, сите фирми во Македонија, а особено во Куманово. Нема народ. Останаа само пензионерите, младите избегаа по бел свет, по странство. Ова е само да се преживее. Да не седиш дома. Еве и фирмата во која работев веќе 6 години е во стечај, затоа држам две тезги.“

Има и задоволни тезгаџии.

„Супер. Задоволна сум. Има купувачи.“

„Солидно е, иако е топло. Отворивме специјализиран продавница за јајца. Цените се корегираа, а беа многу ниски. Сега се од 120 до
За нив цените се добри, за нас не се. Според стандардот и платата, скапо е. Што може да се купи за малку пари!
160 денари табла. Да бидеме задоволни сите.“

На реонскиот зелен пазар има повеќе тезгаџии отколку купувачи. И оние што наминале се чини како на прошетка, само гледаат и пазарат неопходни намирници.

„За нив цените се добри, за нас не се. Според стандардот и платата, скапо е. Што може да се купи за малку пари!“

Кумановските зелени пазари години наназад го носат епитетот како најскапи. Иако, освен на соодветни локации, тезгаџии има и на главните сообраќајници, на паркинзи. Се продава и на големо, ама кумановци велат дека тоа е со најнизок квалитет.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG