Достапни линкови

Нема тајни преговори меѓу Белград и Приштина


Српскиот државен секретар во Министерството за Косово Оливер Ивановиќ изјави дека нема потреба од тајни разговори помеѓу Белград и Приштина и дека Србија не треба да прифаќа директни разговори без присуство на претставници на УНМИК. Ивановиќ изјави дека тајните разговори не можат да бидат корисни. Од опозициската Алијанса за иднината на Косово, предводена од Рамуш Харадинај, вчера соопштија дека започнале тајни преговори помеѓу Белград и Приштина. Премиерот на Косово Хашим Тачи, исто така ги негираше таквите информации.
XS
SM
MD
LG