Достапни линкови

logo-print

Грција го намали буџетскиот дефицит за 40 проценти


Грција во првата половина од оваа година го намалила буџетскиот дефицит за 39,7 проценти што преставува малку повеќе од целта која ја поставија нејзините кредитори-Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, соопшти грчкото Министерство за финансии. Европската централна банка, ММФ и ЕУ на Грција и зацртаа намалување на буџетскиот дефицит за 39,5 отсто во првите шест месеци, потсетија агенциите. За да го исполни овој услов, владата во Атина беше присилена да ја намали својата потрошувачка за 10 проценти, што е остварено главно преку намалување на платите на државните службеници и на пензиите. Владините мерки на штедење предизвикаа жестоки протести ширум земјата, а најмногу во главниот град Атина.
XS
SM
MD
LG