Достапни линкови

Зголемена цената на лебот во Москва


Цента на лебот во Москава се зголеми за 20 проценти во последните неколку денови како резултат на намалените приноси на пченица поради сушите. Цената на векна леб во главниот град на Русија од 15 се искачи на 18 рубли. Сопствениците на продавниците предупредија дека цените можат да се зголемат и до 50 проценти.. Неодамнешните суши уништија најмалку 10 милиони хектари од приносите. Рускиот премиер Владимир Путин, минатата недела најави дека Русија ќе го забрани извозот на пченица од 15 август со цел да се зачуваат резерви.
XS
SM
MD
LG