Достапни линкови

Ставревски:се следи состојбата со поскапувањето на храната


Најавите за 30 процентно поскапување на прехранбените производи, министерот за финасии Зоран Ставревски ги квалификува како пазарни случувања. Тој изјави дека Владата, ќе делува кога ќе оцени дека за такво нешто има потреба. Влада има делумно можност да интервенира преку стоковите резерви. Министерот оцени дека сега ситуацијата не е таква да налага интервенција од страна на Владата .Тој вели дека ќе се следи ситуацијата до септември и тогаш доколку има потреба ќе се делува. Ставревски изјави дека Владата ги разгледува сите идеи и предлози за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти независно дали доаѓаат од синдикатите или од опозицијата.
XS
SM
MD
LG