Достапни линкови

ОН бараат помош за Пакистан


Обединетите нации денеска апелираат до сите земји кои можат да помогнат да се соберат 459 милиони долари за пружање на помош за милионите луѓе погодени од поплавите во Пакистан. Од службата за координација на хуманитарната помош на ОН соопштуваат дека најлошите поплави во историјата погодиле повеќе од 14 милиони луѓе, а на повеќе од 6 милиони од нив итно им треба помош во храна и вода.
XS
SM
MD
LG