Достапни линкови

Киргистан со критика до меѓународните организации


Заменик премиерот на Киргистан ги критикувал меѓународните организации во кои земјата членува, заради нивното игнорирање на Киргистан во време на етничките конфликти. Заменик премиерот Азимбек Бекназаров изјавил дека и Шанагајската организација за соработка и Организацијата за колективна безбедност и одговорност ги игнорирале случувањата во земјата, и покрај тоа што Киргистан отоврено апелирал за помош. Заменик премиерот ги критикувал и плановите на ОБСЕ да испратат полицајци на југот на земјата. , затоа што сите кои треба да дојдат во земјата дали како припадници на ОБСЕ или на други меѓународни организации се од узбечко потекло.
XS
SM
MD
LG