Достапни линкови

Расте бројот на жртви од лизгање на земјиштето во Кина


Бројот на жртви при лизгање на земјиштето во Кина се искачи на 1.100 а 600 се уште се водат за исчезнати, соопштуваат кинеските власти. Повеќе од 10 илјади војници учествуваат во пребарувањето на затрупаната област во северозападната провинција Гансу . Спасувачите повеќе од 72 часа се обидуваат да ги спасат затрупаните луѓе. Напорите за спас се отежнати од врнежите и од повторното лизгања на земјиштето.
XS
SM
MD
LG