Достапни линкови

Масовни протести на стечајците по 1 септември


Стечајчите, членови на здружението Унит и денеска излегоа на протест. Од 11 до 12 часот го блокираа влезот и излезот на Куманово, а стечајците од Крива Паланка ја блокираа општинската зграда. Масовни протести кои ќе се одржуваат секоја недела пред Владата и Собранието, стечајците најавуваат по завршувањето на летните одмори, по 1-ви септември. Претседателката на здружението Лилјана Георгиевска изјави дека тогаш ќе ги однесат сите сметки и тужби кои им пристигнале досега, во Владата. На стечајците им се придружи и поранешниот претседател на ССМ, Ванчо Муратовски Како што најавуваат стечајците, протести ќе има се додека не бидат исполнети барањата за добивање месечен надомест од 6.000 денари до пензионирање, односно повторно вработување
XS
SM
MD
LG