Достапни линкови

Русија:Нема опасност од радиоактивно загадување


Нема причина за загриженост и паника, и нема опасност од загадување бидејќи најголем дел од загадувањето останува длабоко во почвата, изјавил заменик директорот на рускиот центар за заштита на шуми , откако властите потврдија дека има пожари и во радио-актвно контаминирани области. 28 пожари на 269 хектари имало во областа Брианск, еден од најрадиоактивните области, по катастрофата во Чернобил , во соседна Украина. Инаку, руската влада соопшти дека пожарникарите ги преполовиле областите во кои беснеат пожари во централна Русија, но оти сеуште стотици пожари се надвор од контрола. .
XS
SM
MD
LG