Достапни линкови

Ирак:Уште 10 години потребна воена подршка од САД


На ирачката армија ќе и треба поддршка од Соединетите држави уште најмалку една деценија пред земјата да биде способна да се грижи самостојно за безбедноста , изјавил началник на Генералштабот Бабакер Зебари . Тој изјавил дека проблемот ќе почне да се чуствува по 2011-та. Генералот прогнозира дека ирачката војска ќе биде способна сама да се грижи дури во 2020-та. САД неодамна објавија дека до крајот на овој месец ќе се повлечат 50 илјади војници и дека ќе се стави крај на борбените операции во Ирак. Во земјата сега има околу 64 илјади војници. Ирачкиот генерал изјавил дека ако тој се прашува тогаш американската војска треба да остане уште десет години во Ирак.
XS
SM
MD
LG